Twibfy - нова мрежа за дизајнери
Накратко е место каде дизајнери, уметници, креативци ќе може да откриваат нови содржини како инспирација и лесно да си ги организираат и споделуваат истите.
ГИФ анимации оживуваат апликации
Во претходниот пост видовме како со гиф анимација му се дава динамика и на наједноставно лого. А сега ќе видиме уште покорисна употреба на гиф анимации а тоа е за презентација на апликациии и кориснички интерфејси. Скриншотовите се статични и не можат да ги доловат сите ефекти без класичен мокап, а денес и сами сте сведоци дека освен дизајнот апликацијата мора да има интуитивен интерфејс за користење. Токму затоа со помош на гиф анимациите може во целост да се видат сите движења, анимации, транзиции, и сите потребни потези на една финална апликација. На крај не тежи многу и може да се отвори со секој прелистувач.
20 Анимирани логоа

Иако логоата по дифолт се статични, без разлика дали се на веб страна или некој производ, сепак креативно лого доколку се анимира добро добива сосем нов карактер. Токму тоа го прави ION, фриленсер од Шпанија со специјалност во видео продукцијата, кој на логоата само во гиф формат им дава посебна хипнотизирачка динамика.
Познати музички омоти направени од Лего коцки
Познатиот британски дизајнер и фриленсер Арон Саваџ во својот најнов проект Brick the LP „репродуцираше“ познати музички омоти (преку 40) со помош на Лего коцки. Од Elvis Priesly, преку Queen, Nirvana до Foo Fighters, Blur, Placebo и многу други. Многу прецизно изработени до најситен детал, потоа фотографирани и на крај обработени со дополнителни фото ефекти за целосно доживување и полесно препознавање. Мојот омилен е White Pony на Deftones. Колку вие може да препознаете?
Уникатни концертни постери
Сите оние што одат често на концерти најчесто освен билетот (кој во последниве години е ист за секој концерт посебно во странство) ги собираат и чуваат и постерите за најава на концертот. Постои една цела заедница која е прилично голема. Ова посебно важи ако во колекцијата имате ретки постери со униткатен дизајн кои биле испечатени во лимитиран број. Постерот освен што треба да ја има улогата на класична реклама, за време, место, билети, турнеја и сл. мора да има и дизајн кој во целост ќе одговара со стилот и жанрот, освен ако не има стриктни стандардни за цела турнеја. На повеќе одвоив 20 креативни концертни постери.
Твитови на месецот (февруари)

Од овој месец започнувам со избор на најдобрите твитови за секој изминат месец. Значи во случај да сте испуштиле некои твитови претходниот месец, ќе има селекција на најдобрите твитови што поминале низ мојот тајмлајн. На листава нема да ги најдете нашите „вицкасти“ твитови, за тоа има куп други блогови, туку само оние најкорисни посебно за фриленсери, дизајнери, програмери, фотографи како и интересни настани што го одбележале секој изминат месец. Клик на секоја фотографија за линковите.
Фотографии „Времето е димензија“ на Ки Веј Фонг
Ки Веј Фонг е концептуален фотограф од Сингапур. Фотографира претежно архитектура низ поголемите градови во Азија. Неговиот експеримент „Време во движење“ е интересен по тоа што фотографира од една точка од изгрејсонце до зајдисонце, подоцна дигитално сецкајќи ги во различни форми, прави дигитални колажи од сите фотографии, играјќи си со светлината. Транзицијата од утро до мрак е присутна на секој слој поединечно. И на крај, кога сето ова ќе се анимира во гиф, ефектот е неверојатен.
Сочи пинап календар
Иако игрите во Сочи се веќе при крај, дизајнерите, посебно оние од Русија не престануваат да изненадуваат со одлични дизајни со кои ги слават и се гордеат што Русија е земја домаќин. Овојпат тоа е илустраторот Андреј Тарусов. Одлична комбинација од техники и тематики на американски пинап девојки од 50тите заедно со стилот на графика од комунистички Советски Сојуз. Календарот беше поставен и на руски краудсорсинг сајт Boomstarter и како успешен може да си нарачате испечатен верзија од календарот.
5 Начини како да ве сакаат клиентите
Сите добро знаеме дека генерално за било кој бизнис среќен и задоволен клиент значи профит. Ова важи и за нас фриленсерите кои најдобро знаеме колку е понекогаш тешко и одзема време да се бркаат нови клиенти, затоа е многу важно да знаеме како да ги задржиме постоечките. Ќе споделам 5 кратки совети и начини како да ве сакаат клиентите според важност.
Откачени дизајни на сноуборд од Gabz
Иако веќе сезоната на скијање и бордање е одамна почната, и оние што бордаат одамна имаат купено опрема и даски, и најчесто сами си ги „украсуваат“ сепак, случајно налетав на уникатно дизајнирани даски за сноуборд кои вредат да се споделат. Сетот ENDVR III е креиран за Endeavor Snowboards од страна на познатиот полски дизајнер, илустратор и фриленсер Grzegorz Domaradzki, познат како Gabz.
20 Одлични корици за книги
Иако не треба да оценуваме некоја книга според корицата, поточно според дизајнот на корицата, сепак тоа е она што прво го гледаме на секоја книга во книжарници или на сите онлајн продавници за книги и затоа е многу битно како е дизајнирано. Не секогаш се следи насловот или тематиката на самата книга, но доколку тоа се направи со некоја креативна идеја тогаш сигурно имате добра корица. На повеќе селектирав 20 нови и одлично дизајнирани корици за книга.
10 Најдобри дриблери од Македонија
Сигурно повеќето од вас веќе знаат или слушнале што е Dribbble. Ако не, прво прочитајте го овој пост .Нема да ви одземе многу време, иако постар сепак доволно за да се запознаете со овој сервис за дизајнери. Она што ме радува е дека мрежата сега е поотворена, има почесто покани, за разлика од порано, и најмногу од се, што се повеќе има дизајнери од Македонија. Затоа во овој пост ќе ги претставам 10те најдобри дриблери кај нас.
Страница 6 од 32