30 Креативни логоа со стрелки
Стрелката како дел од лого, без разлика дали е вметната во симболот или типографијата може да го збогати самото лого, посебно ако е „скриена“ и треба да се открие на втор поглед. Најчесто симболизира движење, раст, динамика, поврзаност, судир...а ако е маус поинтер е поврзано со онлајн и дигиталниот свет. На повеќе селектирав 30 логоа и логотипови кои ми фатија око :)
Зошто треба да соработувате со други фриленсери?
Една од најголемите грешки што секој фриленсер ја прави, посебно на почеток е што сите останати фриленсери ги гледа само како конкуренција. И ако има соработка, тоа е исклучиво со некој што лично се познава или ако биле колеги од факултет на пример. Многу погрешен пристап, а подолу ќе се потрудам да до одговорам прашањето „Зошто треба да соработувате со други фриленсери“ Одговорот накратко е 3И, или Инспирација, Искуство, Идеи.
Твитови на месецот (април)
Април беше месец со навистина добри твитови и беше тешко да се издвојат најдобрите. Отсега освен на твитер на мојот личен профил најголем дел од корисните линкови ќе бидат споделувани и на официјалната фејсбук страна dezenmk
15 нови фонтови со мк поддршка
Фонт секцијата и натаму е најпосетувана и најмногу барања добивам баш за нови фонтови кои се бесплатни и со македонска поддршка. Токму затоа и сега направив селекција на 15 фонтови кои освен се тоа се навистина професионално изработени и сигурно ќе ви се најдат во најразлични ситуации и дизајни. Слободно споделувајте и пофалете ако ги искористите во ваши проекти.
„Филографика“ на Генис Карерас
Илустраторот и фриленсер Генис Карерас од Лондон во својот проект „Philographics" графички ги претставува различните правци и движења во филозофијата во еден минималистички пристап, со крајно едноставни елементи и комбинација на чисти бои. Веќе се направени во форма на картички за во училишта и факултети а на повеќе погледнете ги сите 50 постери.
Креативни „пиксел“ логоа
Пиксел (Pixel) е скратено од Picture Element, и во последно време како форма и стил е тренд и инспирација во графичкиот и веб дизајнот, посебно во дизајнот реклами и на логоа. Најчесто инспирирано од аркадните игри кои даваат посебен ретро ефект. На повеќе издвоив 20 од најкреативните „пиксел“ логоа.
10 убер минимал веб дизајни
Минимализмот се повеќе е застапен во веб дизајнот. Moдено и чисто, посебно за архитекти, студија, дизајнери, портфолија итн. Обично со само неколку бои, а најчесто и „црно бели“ со сан серифни геометриски фонтови, без скоро никакви дополнителни ефекти. Иако на прв поглед можеби изгледа лесно за дизајн и кодирање, сепак типографијата, графичките елементи, белиот простор... се од клучно значење дали ќе му фати око на прв поглед на секој посетител. На повеќе издвоив 10 најнови минимал веб дизајни. И запомнете, Less is more ;)
Познати филмски постери во швајцарски минимализам
Швајцарскиот минимализам и типографија како правец е развиен во раните 50-ти години на минатион век. Се карактеризира со чист пристап, јаки бои, читливост, сан серифни фонтови меѓу кои најзастапени се Хелветика и Акциденс Гротеск. Токму во овој стил дизајнерот и фриленсер Оли Мос ги преработува најпознатите култни филмови.
Креативен дизајн на „познати“ факти
Сигурно до сега сте налетале на некој дизајн на Truthfacts. Тоа е проект на Kind of Normal и преку минимал векторски дизајн на еден сатиричен начин се прикажани факти од секојдневието кои мора да признаеме дека се точни, или приближно точни :)
На повеќе дел од најновите дизајни од оваа година на еден куп.
Твитови на месецот (март)
Продолжуваме и овој пат со најдобрите твитови за месец март. Корисни и практични линкови за сите фриленсери, креативци, дизајнери, програмери... Доколку нешто сум испуштил слободно пингајте или искоментирајте.
10 бесплатни мокапи за совршена презентација
Сите добро знаеме дека една од главните компоненти на некој проект е неговата презентација. Да речеме сте дизајнирале одлична веб страна и сакате клиентот и пред да биде пуштена онлајн да види најреалистично како би изгледала, на монитор, таблет, смартфон и сл. Истото важи и за лого дизајн, и за дизајн на визит карти, и за постер и за...што и да помислите. Верувале или не, добрата презентација може да извади и до 25 проценти од вкупната оцена на клиентот. Затоа е многу важно да користите мокапи и реалистични темплејти кои лесно и брзо вашиот дизајн го „оживуваат“. Пред неколку години беа реткост, денес навистина може да се најдат многу, јас се потрудив да селектирам 10 најкорисни и се разбира бесплатни за употреба. Клик на сликите за преземање.
10 профи фонтови со македонска поддршка
Секој дизајнер добро знае колку и да има огромен број на фонтови понекогаш е недоволно и го нема токму она што ни треба. Ова посебно важи за фонтови со кирилична, односно македонска поддршка. Одличните фонтови на Типокујна се вистинско освежување и со овие дополнителни 10 сигурно ќе ја збогатите вашата колекција. Сите 10 се бесплатни и можете слободно да ги користите. Се надевам дека ќе ви се најдат за вашите идни дизајни.
Страница 5 од 32