Преку фриленсинг до остварување на вашите кариерни цели
Во фриленсингот постојат два типа на луѓе. Едни, професионалци во својата област а други кои почнуваат да се етаблираат во професионалниот свет.
Топ листа на страни со бесплатни сток фотки
Во последно време се почесто ми го поставуваат прашањето од каде наоѓаш фотографии, без разлика дали за веб страни, дизајни, за блогов...кои без никаков страв и лимитирања може слободно да се користат. Затоа решив да направам една листа со најдобрите кои ги нудат фотографиите бесплатно и во висока резолуција со мој краток опис за сите нив. Букмаркирајте бидејќи ќе ви се најдат сигурно.
Нови фонтови со мк поддршка 2015
После подолга пауза, и на зачестени ваши барања решив да склопам нова тура, прва во оваа година со 10 нови фонтови со македонска поддршка. Имаме и нов панграм, заслуга на Бојан Лазаревски, победник на првиот панграм конкурс. Погледнете ги сите останати панграми на окно.мк
Како да ја зголемите тарифата како фриленсер?
Ова ќе биде краток пост за едно прашање кое ми го поставија неодамна, а тоа е: Како да ја зголемам тарифата? Има еден пример што често го кажувам и сигурно и низ блогот го имам парафразирано, но еве одлична прилика да почнам токму од него.
Инстаграм за поголема видливост како фриленсер
После паузата пред и после нова година и празнициве продолжуваме активно со блогирање. Овој пат нема тоа да бидат корисни резолуции за фриленсери, туку како оваа година да бидете наједноставно кажано попознати.
Како до подобра комуникација со клиент?
Постои една изрека меѓу фриленсерите "Clients, can't live without them but you can't kill them" ;)
Брилијантни типографски логоа
Миклос Кис е графички дизајнер од Будимпешта кој освен со дизајн и логоа е и архитект по вокација. Неговите логоа имаат добивано многу награди и се дел од многу колекции. Најчесто дизајнира минимал логоа, скоро секогаш типографски, и во последно време најголем дел се рачно цртани. На повеќе избор на најдобрите, преку 40.
Design on Film фестивал во Скопје
Овој викенд од 28ми до 30ти ноември ќе се одржи првиот Design on Film фестивал кај нас. Се работи за тридневен фестивал на документарни филмови поврзани со уметност, фотографија, архитектура и дизајнот во целина.
Дизајн работа за без пари, да или не?
После „мала“ пауза продолжуваме со блогирање. Овој пат со една тема која е секогаш актуелна и ги засега скоро сите, а тоа е работа за без пари. Сите ние до сега сме се соочиле со ова и затоа ќе се обидам да одговорам на неколку прашања кои верувам ќе ви бидат корисни, како дали да го правите тоа, ако веќе сте профатиле како е најдобро, зошто и кога (не) треба да прифаќате, и на крај нешто за волонтирање итн. со неколку мои совети низ примери.
По којзнае којпат...10 бесплатни кирилични фонтови
После толку многу објавени фонтови со кирилична поддршка, навистина имав проблем да смислам соодветен наслов на постов ;) Но, тоа и не е толку важно, најважно е дека имате 10 тазе фонтови, сите со македонска поддршка, во најразлични стилови, потполно бесплатни. Сигурен сум дека добро ќе ви дојдат во колекцијата. Како и секогаш, наместо фала, бидете фини и споделете за да знаат повеќемина
шкАРТ маичките се готови и веќе се носат
Пред некое време пишував за идејата позади шкART маичките. Во тој текст имаше мок-апи, затоа што се уште не беа направени маиците, но сега се подготвени.
4 Работи кои најмногу го одвлекуваат вниманието на фриленсерите
Во денешно време фразите како „живееме брзо“ или „постојано сме во гужва“ се секојдневие и оправдување повеќе кое верувам сите во одредена ситуација сме го злоупотребиле. Обично е знак на лошо планирање на обврските и менаџирање со време. А доколку сето тоа потрае концентрацијата и продуктивноста опаѓа.
Страница 3 од 32