Време е за кирилични фонтови
На ваше барање (ама ова навистина го мислам, сите пораки кои ги добивам секојдневно се доказ за тоа) следува тура од кирилични македонски фонтови, кои верувам дека ги немате и ќе ви се најдам во работата, бидејќи се уникатни и различни од сите останати. Овој пат правиме чистка од само 5 фонта, за да ослободиме место за најновата тура која ќе следи наскоро. Сликата е линк за преземање, а најдолу ги имате и сите заедно.
Tkachevica
Декоративен фонт кој е всушност обид традиционалната калиграфија да се преточи во дигитални техника, односно пиксели. Дизајнер е Кирил Ткачев.
Colorado
Како што неправилните линии се дел од природата така и дизајнерите Јурген Санидес и Јулија Сисмалалнен се потрудиле да го искористат тоа како инспирација за нивниот уникатен фонт. Иако употребата може е лимитирана, сепак е доволно креативен да ви се најде.
Undergrad
Фонт познат како "студентски" бидејќи најчесто универзитетите, колеџите, и студентските кампуси го користат на нивните маички. Дизајнер Томас Кадинг.
Orchidea
Баланс помеѓу сан сериф и сериф бидејќи има особини и црти и на двата, и го прави да биде и моќен и елегантен во исто време. Андреј Константинов е дизајнер на овој фонт.
Quiza
Геометриски дисплеј сан сериф фонт со доза на разиграност кој се врти околу дијамант како форма. И на овој фонт дизајнер е Андреј Константинов.
За преземање на сите заедно
