3 нови фонта за почеток на нова сезона
Септември секогаш е месец на почеток на нешто ново. Нова учебна година, ново годишно време, нови попусти...па и нови фонтови. Целосно бесплатни и со македонска поддршка.
Време е за кирилични фонтови
На ваше барање (ама ова навистина го мислам, сите пораки кои ги добивам секојдневно се доказ за тоа) следува тура од кирилични македонски фонтови, кои верувам дека ги немате и ќе ви се најдам во работата, бидејќи се уникатни и различни од сите останати. Овој пат правиме чистка од само 5 фонта, за да ослободиме место за најновата тура која ќе следи наскоро. Сликата е линк за преземање, а најдолу ги имате и сите заедно.
Време за нови фонтови
Нешто што дефинитивно е најбарано, и секогаш ми е мило да ви ја збогатувам колекцијата на бесплатни фонтови со македонска поддршка, и овојпат со 10 нови.
Нова колекција на 10 фонтови со поддршка
На ваше барање (и, не ова не го пишувам колку да се искористи фразата) туку навистина и буквално на улица пријатели и фриленсери прашуваа кога ќе има нови фонтови на Дезен. И со право, бидејќи поминаа скоро 5 месеци од последната тура. Само да ве потсетам, дека во овој период имаше неколку нови фонтови поединечно споделени на Фејсбук страната https://www.facebook.com/dezenmk затоа скролајте надолу и проверете, тие фонтови не се вклучени во овој пакет. Панграмот е на Ана Јовановска Екс Костовска
Нови фонтови со мк поддршка 2015
После подолга пауза, и на зачестени ваши барања решив да склопам нова тура, прва во оваа година со 10 нови фонтови со македонска поддршка. Имаме и нов панграм, заслуга на Бојан Лазаревски, победник на првиот панграм конкурс. Погледнете ги сите останати панграми на окно.мк
Страница 1 од 5