3 нови фонта за почеток на нова сезона
Септември секогаш е месец на почеток на нешто ново. Нова учебна година, ново годишно време, нови попусти...па и нови фонтови. Целосно бесплатни и со македонска поддршка.
Почетнички грешки на фриленсерите
Секој фриленсер во својата кариера макар еднаш “зафркнал” работа со некој клиент до тој степен што го изгубил. Но, тоа и не е така страшно, пострашно е како тоа влијае понатаму врз репутацијата и дали и колку брзо ќе си ја поправите грешката. Ќе почнам со серијата со првите три.
Envoice - професионална алатка за фактури
Без разлика дали сте фул тајм фриленсер или работите хонорарно како ваша секундарна професија, ниту еден проект не е до крај завршен ако не сте го наплатиле, вашето време и вашето искуство. Исто така и не е битно дали сте работеле за поединец, или за поголема компанија, мора да останете професионалец до крај, што значи да покажете на што сте работеле, колку време сте посветиле, и сето тоа помножено со работни часови, на крај да изгледа фино стокмено и дизајнирано, а не само да ја побарате сумата што сте ја договориле.
Скопје постер фестивал по 10ти јубилеен пат
Оваа година Плакарт и Скопје постер фестивалот слават 10 години од своето постоење и од првиот плакарт конкурс. За таа цел оваа година пријавувањето на конкурсот ќе биде бесплатно.
Време е за кирилични фонтови
На ваше барање (ама ова навистина го мислам, сите пораки кои ги добивам секојдневно се доказ за тоа) следува тура од кирилични македонски фонтови, кои верувам дека ги немате и ќе ви се најдам во работата, бидејќи се уникатни и различни од сите останати. Овој пат правиме чистка од само 5 фонта, за да ослободиме место за најновата тура која ќе следи наскоро. Сликата е линк за преземање, а најдолу ги имате и сите заедно.
Како полесно до креативни дизајн идеи
Сите дизајнери и креативци се случува да имаат период кога имаат помалку дизајн идеи, или тие што веќе ги имаат не се доволни креативни.
20 работи на кои патувањето нè учи
Патувајќи со воз низ Швајцарија лани, го почнав драфт постов со наслов "Што може да научиме од секое патување, посебно како фриленсери" Имам нафрлено навистина многу, сите се кратки, некои се смешни, некои ги знаете сите, некои се сериозни, но сите се од мое лично искуство и но се надевам дека ќе ви се најдат советите и вас. Ги објавувам без некои поголеми менувања од оригиналот.
Искрени картички за Св.Валентин
Наближува Св. Валентин, празникот на љубовта, кој веќе на големо се прославува и кај нас. Цвеќиња, срциња, подароци...и картички се задолжителни. Ако сакате да сте поразлични, наместо традиционалната „Те сакам“ картичка на линкот повеќе е селекција на 15 нетипични, оригинални, хумористични и искрени...кои сигурно ќе ви се најдат, макар за инспирација ;)
Совети за поуспешна 2017-та
По обичај секогаш на крајот на годината правиме рекапитулар што сме постигнале, и што сакаме да постигнеме наредната, а што да промениме.
Зошто Илустратор е најдобар програм за графички дизајн
Адоби Илустратор е еден од најразновидните и богати софтверски решенија од Адоби за дизајн, но секогаш неоправдано бил во сенка на братот Фотошоп. Ќе се обидам да дадам неколку одговори на „Зошто треба да го замените наместо Фотошоп и многу често да го корисите“
Како да имате продуктивен ден
Една од најтешките секојдневни ситуации со кои се соочува секој фриленсер е како остане сконцентриран на работата а да не прокрастинира во време кога нотификации не добиваме уште од фрижидерот или машината за алишта.
3 работи за работата како фриленсер што никој не ви ги кажува
Конечно сте одлучиле дека ќе работите самостојно како фриленсер и сакате да ги знаете сите скриени тајни. Како за некој што го работи ова 10 години, сум поминал низ серија искуства, качувања и падови токму како фриленсер ќе се обидам за почеток да издвојам само три.
Страница 1 од 32